ФОТО+ВИДЕО: Лавата уништи неколку луксузни вили на Канарските Острови

Горат вилите поради ерупцијата на вулканот на островот Ла Палма, дел од Канарските Острови/ Фото Youtube Screenshot The Sun

Шпанскиот остров Ла Палма, кој беше погоден од ерупцијата на вулканот Кумбре Виеја, по што следеа речиси 4 илјади мали земјотреси во близина на северозападниот брег на Африка, утрово, реките од лава продолжија да течат кон морето, а на краиштата на планината се отвори нов кратер, кој се наоѓа на 900 метри северно од вулканот, пренесува АП.

Новиот кратер се отворил доцна синоќа откако земјотрес со јачина од 3,8 степени го погоди островот.

Горат вилите поради ерупцијата на вулканот на островот Ла Палма, дел од Канарските Острови/ Фото Youtube Screenshot The Sun

Ла Палма, со околу 85.000 жители, е дел од Канарските острови.

Лавата досега опфати 106 хектари земја и уништи 166 куќи и други згради, тврдат од Коперник.

Незапирливи реки од лава, високи и до шест метри, се спуштаат по падината. Лавата уништи се што е на својот пат, а видеата најдобро го покажуваат размерот на катастрофата.

Горат вилите поради ерупцијата на вулканот на островот Ла Палма, дел од Канарските Острови/ Фото Youtube Screenshot The Sun

Се очекува денеска лавата да стигне до Атлантскиот Океан, каде што може да предизвика експлозии и да произведе облаци отровен гас.

ВИДЕО: Ерупција на вулканот на Канарските Острови, евакуирани 5 илјади луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот