ФОТО+ВИДЕО | Келнерка добила 4.400 долари бакшиш, па добила отказ од газдата

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Келнерка од Арканзас, која добила бакшиш од 4.400 долари од група муштерии, добила отказ откако менаџерот на ресторанот ја натерал да го подели бакшишот со другите вработени.

Грант Вајс, кој е сопственик на локална агенција за недвижности, организирал вечера на „Клуб 100 долари“ во кафеана во Бентонвил, а сите негови гости се согласиле да донираат по 100 долари бакшиш.

Вајс изјавил за локалната станица КНВА рекол дека ѝ дал бакшиш на шокираната келнерка Рајан Брант за да го сподели со уште една келнерка која ги послужувала. Вајс рекол и дека претходно проверил во ресторанот каква е политиката на куќата и дека добил потврда дека персоналот не е должен да го дели бакшишот со другите.

И покрај тоа, менаџерот на ресторанот ѝнаредил на Брант да го сподели бакшишот со останатите вработени.

„Ми рекоа да ги предадам сите пари на шефот на смената и да задржам 20 отсто“, рекла Брант за ТВ Фокс 59, додавајќи дека во текот на три и пол години колку што работела во ресторанот, никогаш не го делела бакшишот со другите.

Брант, која студира шпански на Универзитетот во Арканзас, изјавила дека е „скршена“ затоа што морала да се откаже од толку голем бакшиш и дека со тие пари планирала да плати некои студентски долгови.

Неколку дена подоцна, Вајс дознал дека Брант е отпуштена бидејќи ги „прекршила“ правилата на ресторанот, кажувајќи каква е нивната политика во однос на бакшишот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Вајс го основал „Клубот од 100 долари“ во текот на пандемијата бидејќи, како што рекол за локалните медиуми, познавал многу келнери и келнерки кои едвај врзуваат крај со крај поради ковидот и на овој начин сакал да им помогне.

Го избрал ресторанот „Oven аnd Tap“ бидејќи е еден од омилените ресторани на неговата сопруга и пред да ја организира вечерата проверил дали бакшишот се дели или останува во рацете на келнерот кој ги послужува. Кога му потврдиле дека бакшишот не се дели меѓу персоналот, Вајс ја организирал вечерата.

Кога дознал дека е отпуштена, Вајс организирал кампања за собирање средства за Брант за да може да се снајде додека не најде друга работа, што успеала да го направи многу брзо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот