ФОТО+ВИДЕО | Италијанска убавина: Моника Белучи на премиера на филм во Солун

Моника Белучи во Солун
Моника Белучи во Солун / Фото: Konstantinos Tsakalidis / AFP / Profimedia

Италијанската актерка Моника Белучи присуствуваше на синоќешната премиера на филмот „Марија Калас, писма и мемоари“ („Maria Callas: Letters and Memoirs“), во рамки на 64. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Солун, Грција.

Имено, станува збор за филм на Том Волф и Јанис Димолицас, во кој Белучи во монолог чита извадоци од писмата на врвниот сопран Калас.

Фото: Sakis MITROLIDIS / AFP / Profimedia

На црвениот тепих пред солунското кино беше пречекана од голем број фанови, додека пак пред проекцијата кусо рече дека Грција е длабоко во нејзиното срце.

„Многу сум среќна што сум тука. Ви благодарам за поканата. Како што сите знаете, Грција е длабоко длабоко длабоко во моето срце. Не сакам да кажам многу за филмот, ќе го откриете сами. Уживајте во проекцијата“, рече Белучи на синоќешната премиера, а пренесе дописничката на МИА.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Вечерва ќе биде прикажан филмот „Малена“ („Malena“) на Џузепе Торнаторе, со кој Белучи стана светски позната, а дополнително ќе ѝ биде доделена наградата „Златен Александар“ за нејзиниот севкупен придонес во кинематографијата.

Проекцијата на филмот „Марија Калас, писма и мемоари“ („Maria Callas: Letters and Memoirs“) е во рамките на одбележувањето на годината на Калас, по повод стогодишнината од раѓањето на сопранот.

ВИДЕО | Моника Белучи и Тим Бартон блескаат од љубов: Прошетаа заедно на црвениот тепих

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот