Пожар на Ситонија / Фото: Принтскрин, Forecast Weather Greece

ФОТО+ВИДЕО | Голем пожар во Ситонија, жителите и туристите добија порака за итна евакуација

Голем пожар избувна денес во шумската област на градот Ливари во близина на одморалиштето Вурвуру на Ситонија, Халкидики.

Голем број пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот, а жителите и туристите добија итни пораки за евакуација, јавуваат грчките медиуми.

На местото на настанот се наоѓаат 65 пожарникари со 20 возила и две пешадиски екипи.

Колку е голем пожарот, сведочи фактот дека од воздух помагаат осум авиони и еден хеликоптер.

Во информацијата објавена од Службата за заштита од пожари во шумата Лавреотики на Фејсбук се наведува дека пожарот е во близина на камп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот