ФОТО+ВИДЕО | Германија со „петарда“ го отвори Европското првенство, автоголот на Рудигер мала дамка на доминацијата против Шкотска
Домаќинот на Европското првенство Германија фуриозно го стартуваше Европското првенство со победа против Шкотска од 5:1.
Препорачано
Уште од самиот старт Германија тргна доминантно, Шкотска тешко излегуваше од својата половина, а по десет минути го видовме и првиот погодок. Стрелецот на првиот гол на Европското првенство беше напаѓачот на Баер Леверкузен Флоријан Вирц. Не застанаа Германците со играта ниту по постигнатиот погодок, па веќе во 19. минута Мусиала зголеми на 2:0.
Шкотска никако не успеаваше да се ослободи од притисокот и Германија комплетно ја контролираше играта. Во финишот од првиот Каи Хаверц од пенал зголеми на 3:0. Туква веќе стануваше јасно дека Германија ќе го започне турнирот со победа и прашање беше само со кој резултат.




Сликата на теренот не се промени ниту во второто полувреме. Германија постигна уште еден гол преку Фулкруг кој влезе на местото на Хаверц во 63. минута. Фулкруг и уште еднаш ја затресе мрежата, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Рудгиер во 87. минута по нафрлувањето си ја погоди сопствената мрежа, а во самата завршница Емре Чан ги постави конечните 5:1.


