ФОТО+ВИДЕО | Блокади на патиштата во повеќе српски градови против рудникот за литиум на Рио Тинто

Фото: МИА

Здружението на еколошки организации на Србија и оваа сабота организираше нови блокади низ земјата во знак на протест против ископот на литиум и проектот „Јадар” на компанијата Рио Тинто, јави Бета.рс.

Во Белград, во близина на Сава центарот и во Нови Сад, во близина на автопатот Белград – Суботиќ имаше помали инциденти, кога возачи чии возила беа запрени поради блокадата се обидоа вербално, а некои и физички да се пресметаат со демонстрантите.

Еколошките организации еден час го блокираа и патот Белград-Ужице-Златибор кај Ложнички мост, како и мостот во Шабац.

Блокирана беше и Ибарската магистрала во Прељина и главниот пат Шабац – Лозница – Мали Зворник.

Организаторите на блокадата за следната недела најавија радикализација на протестите против експлоатацијата на литиумот во Србија.

Премиерката Ана Брнабиќ претходно денеска изјави дека Владата на Србија е блиску до одлуката да поништи се што се случува со Рио Тинто и да ги поништи сите дозволи дадени на таа компанија.

Од Еколошкото востание порачаа дека пред да се укинат сите дозволи, се што е потпишано мора да и биде достапно на јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот