ФОТО+ВИДЕО | Белата куќа како „замок со духови“: Трамп и Меланија делеа слатки на прославата за Ноќта на вештерките
Децата на вработените во Белата куќа дојдоа во креативни костими, придружувани од нивните родители, да ги посетат претседателот Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, кои ги пречекаа со слатки за Ноќта на вештерките, пренесува „Јуроњуз“.
Препорачано
Двојката која не беше маскирана во костими, ги поздрави семејствата, позираше за фотографите и даваше автограми пред тематски декорираната Бела куќа.

Домот на претседателот на САД беше претворен во „замоксо духови“ за оваа пригода, а децата и гостите носеа широк спектар на костими – од суперхерои и диносауруси до тикви и минијатурни верзии на Трамп и Меланија.
Покрај собирањето слатки, некои деца донесоа и предмети што сакаа претседателот да ги потпише – меѓу нив беа топка за голф и списанието „Тајм“, кое го има портретот на Трамп на насловната страница.
На настанот беа видени и високи функционери на Белата куќа и нивните семејства, вклучувајќи го и заменик-шефот на кабинетот Стивен Милер и портпаролката на Белата куќа Каролин Левит.

Настанот беше организиран во партнерство со Меѓународното здружение за свежо овошје и зеленчук, кое ги обезбеди тиквите за прославата, а потоа ги донираше на Централната кујна на Вашингтон по свеченостите.
View this post on Instagram


