Автор на насловната фотографија: Калин Абаџиев Сековски

Фотографии од проектот „Приказни од мостот“ ќе бидат изложени во Сули ан

Во објектот Сули ан во Старата скопска чаршија, на 3 април, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Приказни од мостот“ од младинскиот натпревар „Мостови што поврзуваат“.

За приказните зад фотографиите на отворањето на изложбата ќе зборуваат експертите по фотографија Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски, кои воедно се и ментори низ процесот.

Тие ќе го претстават проектот „Shared Horizons“ (компонента 2), по што ќе следуваат обраќања на Амбасадорот на Франција во С Македонија, H.E. Кристоф Ле Риголер и директорката на АЛДА Балканс, Катица Јанева.

На настанот ќе бидат претставени наградените дела во рамки на раскажувачкиот натпревар „Мостови кои спојуваат“ (#BridgesThatConnect), по што ќе следува отворање на изложбата. Отворањето ќе биде заокружено со музички настап и простор за неформално дружење.

Автор на насловната фотографија е Калин Абаџиев Сековски, учесник во проектот.

Изложбата е дел од меѓународниот проект „Shared Horizons“ (компонента 2), имплементиран од АЛДА и поддржан од „Expertise France“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот