Фотографии од Чернобил ГИ НАВРЕДУВААТ жртвите и преживеаните: Луѓе умираа, а тие „креваат нозе“ за лајкови

припијат

Серијата „Чернобил“ предизвика напуштениот град Припијат и околината на реакторот да бидат едни од најпопуларните дестинации за патување.

Овој ризичен туризам не е нешто ново, бидејќи тури до Припијат постојат одамна. Она што досега беше непознато за преживеаните и семејствата на жртвите е виралност и инстаграм-популарност на оваа локација.

https://www.instagram.com/p/Byn_7B-puTG/

Тие сметаат дека е бизарно и навредливо да се користи страшната катастрофа за собирање „лајкови“, особено што вниманието кон Припијат и Чернобил се појави поради популарната серија.

И додека едни сметаат дека е навистина храбро да се приближат на Припијат без соодветна заштитна облека, други бурно реагираат на „позерското“ однесување.

„Не знам за вас, но јас кога ќе видам фотографии од Припијат, ми доаѓаат солзи на очи. Не ми е јасно како некој може да сними вакви фотографии“, реагира една твитер-корисничка.

Од 2011 година властите во Украина дозволија таму да се организираат туристички екскурзии, но со обучени водичи и соодветна заштитна опрема, за да се спречи влијанието на зрачењето. Популарното позирање освен што е навредливо за семејствата кои изгубиле член во катастрофата или кои трпат одредени последици, исто така е и опасно за „позерите“ кои очигледно немаат никаква заштита од радиоактивното зрачење.

Серијата „Чернобил“ предизвика зголемување на бројот на туристи кои ја посетуваат електраната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот