Пласидо Доминго на концертот во Скопје/ Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

ФОТОГАЛЕРИЈА | Спектакл во Скопје: Оперскиот виртуоз Пласидо Доминго ја однесе публиката до музички врв!

Скопје синоќа имаше привилегија да ужива во единствена музичка магија. Легендарниот шпански тенор Пласидо Доминго одржа величествен концерт во арената „Борис Трајковски“, воодушевувајќи стотици обожаватели кои од почеток до крај со големо уживање ја следеа секоја нота на неговиот глас. Инаку, Пласидо Доминго за првпат во својата импресивна кариера одржа концерт во Скопје.

Пласидо Доминго на концертот во Скопје/ Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Доминго заедно со Марија Хосе Сири, една од водечките светски сопрани, во придружба на оркестарот на Народната опера и балет и под диригентската палка на страсниот и енергичен Жорди Бернасер од Шпанија пружија двочасовно незаборавно музичко доживување.

Пласидо Доминго на концертот во Скопје/ Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Излегувањето на Доминго на сцената беше крунисано со громогласен аплауз, со чести и многубројни извици на афирмација од публиката, кои се проткајуваа во текот на целиот концерт.

Со комплетно владеење со сцената, со моќен глас кој одекнуваше во салата, Доминго на синоќешниот концерт беше брилијантен и покажа зошто е еден од најголемите уметници.

Пласидо Доминго на концертот во Скопје/ Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Репертоарот го сочинуваа арии и дуети од богатиот опус на оперите на Верди, Пучини и Белини.

Марија Жозе Сири – една од водечките сопрани во светот, одлично им парираше на оперската ѕвезда и страсниот диригент, кој од 2012 година соработува со Пласидо Доминго.

Настапот на Марија Жозе Сири, и соло и во дует со Доминго, беше полн со емоции, а публиката желно ја впиваше секоја од нив.

Марија Жозе Сири / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Првиот дел од концертот опфати дела од италијанската музичка литература, а во вториот дел Доминго го претстави шпанското музичко творештво и неколку арии од оперетите на Штраус и Лехар.

Во првиот дел на концертот, Доминго заедно со италијанската сопранистка Марија Жосе Сири ги оживеа мелодиите на Пучини, Верди и Белини, додека по 15-минутната пауза, програмата беше малку поинаква. Доминго ја внесе публиката во светот на шпанската музичка традиција со дела од Штраус и Лехар.

Пласидо Доминго на концертот во Скопје/ Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Публиката со непрекинат аплауз го врати на бис големиот уметник.

Пласидо Доминго пристигна во Скопје во средата. Без ниту една минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба.

Маестро Доминго во пресрет на концертот преку видеопорака изрази задоволство што ќе настапи во земјава и најави настан што долго ќе се памти.

– Програмата на концертот ќе ги разбуди сите емоции: радост, смеа и, се надевам, моменти кои ќе ги паметиме засекогаш. Ова е моја прва посета на Македонија и навистина сум возбуден што конечно ќе ја доживеам магијата на вашата прекрасна земја – порача Пласиди Доминго во пресрет на концертот.

Пласидо Доминго на концертот во Скопје/ Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Концертот го организираше Народната опера и балет со „Прагма продукција“, а со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Како што информираа од „Прагма продукција“, гостувањето на Доминго е специјално и не е дел од некаква турнеја. Најавија дека продукцијата и озвучувањето на концертот ќе биде перфектно, додавајќи дека ова не е прв концерт на Пласидо Доминго во спортска сала.

Бројни познати јавни личности и политичари уживаа во музиката на Доминго.

Пласидо Доминго го заслужи своето место во аналите на операта со ѕвездената кариера која се протега околу 50 години. Како уметник сам по себе и како член на „Тројцата тенори“, тој стана едно од најпочитуваните имиња во класичната музика, освојувајќи безброј признанија, вклучително и 12 награди Греми.

Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот