Фото: Фејсбук/ QuickNews

ФОТО | Зоран Марјановиќ кој беше обвинет за убиство на пејачката Јелена Марјановиќ пуштен на слобода

Со одлука на Апелацискиот суд во Белград вчера му бил укинат притворот на Зоран Марјановиќ , пишува „Курир.рс“.

Како што дознава „Курир“, Апелацискиот суд кој одлучувал по жалбата на пресудата со која Марјановиќ беше осуден на 40 години затвор, сѐ уште официјално не донел одлука за пресудата. Но, укинувањето на притворот практично значи дека ќе се укине и пресудата.

– Доколку беше потврдена пресудата, јасно е дека на некој осуден на 40 години притвор немаше да му биде укинат притворот, туку директно би бил префрлен на издржување на казната. Постои постапка, односно пишување на примерок од пресудата и кога ќе биде завршена, се очекува судот да потврди дека пресудата е укината – вели изворот на „Курир“.

Да потсетиме, Зоран Марјановиќ беше осуден на максимална казна од 40 години за убиството на неговата сопруга Јелена Марјановиќ на 2 април 2016 година. Неговите адвокати поднесоа жалба на оваа пресуда.

Агонијата за случајот со убиството на пејачката трае повеќе од седум години. Зоран Марјановиќ, кој минатата година првостепено беше осуден за нејзиното убиство, повеќе од 12 месеци беше во ќелијата на Централниот затвор и ја чекаше конечната пресуда бидејќи предметот беше во Апелацискиот суд речиси 9 месеци.

Нов пресврт во случајот со убиената пејачка Јелена Марјановиќ

Започнува судењето на деценијата во Србија: Ќе му се суди на Зоран Марјановиќ за убиство на сопругата Јелена (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот