Фото: Курир.рс

Започнува судењето на деценијата во Србија: Ќе му се суди на Зоран Марјановиќ за убиство на сопругата Јелена (ФОТО)

Зоран Марјановиќ утрово пристигна во судот во Белград каде треба да започне судењето за убиството на неговата сопруга Јелена,  за кој тој е обвинет. Пред судот дошол во црно одело, а како што може пишуваат српските медиуми, тој неколку минути им позирал на фоторепортерите и само молчел.

Одбегнувал да одговара на прашање од новинарите.

Фото: Никола Томиќ

Тој од почеток на случајот негира дека ја убил сопругата која се занимаваше со пеење народна музика. Ако се докаже дека тој е убиецот, Марјановиќ може да добие казна затвор до 40 години.

Обвинителството го товари дека на 2 април 2016 година ја убил сопругата Јелена додека таа џогирала, а во непосредна близина била и нивната малолетна ќерка.

Фото: Никола Томиќ

Зоран од 12 јуни 2018 година се брани од слобода, бидејќи тој ден судот во Белград му го укина притворот во кој помина 10 месеци.  Тој беше уапсен на 15 септември 2017, година и пол по убиството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот