ФОТО | Запознајте го Кирил: Ова е синот на Сара Мејс и Димитар Атанасовски

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Семејството Атанасовски од неодамна побогато за уште еден член. Нашата поп пејачка и харфистка, Сара Мејс, пред неполн месец на свет го донесе своето второ дете. Нивната ќерка, Илина доби нова улога како постара сестра. Парот со објава на социјалните мрежи го покажа својот четврти член во семејството. Малечкиот Кирил кој е стар само три недели ужива во вниманието кое го добива од своите родители и својата постара сестра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

„Добар ноќ, дами и господа“ – напиша Сара во описот на фотографијата на која Кирил ужива на креветот на своите родители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Пејачката на почетокот на годинава, поточно на 17 јануари ја израдува јавноста со веста дека по вторпат ќе стане мајка. По најавата за приновата, Сара и нејзиниот сопруг, водителот Димитар ни го открија полот на бебето на забавен начин доследен на светските трендови.

Семејството радосно ја отвори кутија, а сините балони го издадоа полот на бебето. Во последните месеци од бременоста на Сара, семејство Атанасовски не изненадија со прекрасна фотосесија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот