ФОТО | Заглавена верверица во дрво, жаба во меур: Погледнете ги најсмешните фотографии со диви животни за 2024
Конкурсот на „Никон“ за наградите за најсмешна фотографија со диви животни има за цел да промовира зачувување на природата преку хумор и исклучителна фотографија, а фантастичните фотографии од година во година носат насмевки на милиони лица.
Препорачано
Црвена верверица заглавена во дрво е официјално најсмешната фотографија за 2024 година. Италијанскиот фотограф Милко Марчети ја освои главната награда, а беше избран меѓу 9.000 натпреварувачи од 98 различни земји.

Тој победи во тешка конкуренција на смешни фотографии, додека судиите го прегледуваа овој рекорден број на пријавени. Кога Милко ја покажувал оваа фотографија на семинари за природа во локалниот фото-клуб, присутните секогаш се смееле, па така дошол на идеја да се пријави на овој натпревар.
„Со текот на годините фотографирав верверички во Италија во различни ситуации, но оваа фотографија ми беше особено смешна поради нејзината необична положба. Тоа е моментот кога верверицата ги откачува задните нозе од дрвото за да влезе во своето скривалиште“, рекол Милко.

Инаку, овој натпревар е основан во 2015 година од професионалните фотографи Пол Џојнсон-Хикс и Том Сулам. Секоја година, натпреварот поддржува организација за одржливо зачувување на природата.


Останатите смешни фотографии може да ги разгледате ТУКА.


