ФОТО | Заборавете на Санторини: Ова се два најубави острови во Европа

Фото: Инстаграм/ danyhe_89/ okcroatie

Угледниот портал „Телеграф“ објави листа на помалку познати европски острови кои се издвојуваат како рајски дестинации за летување, а на нив се најдоа и два хрватски „скапоцени камења“, Лопуд и Раб.

Лопуд е опишан како остров на кој можете непречено да уживате во неговата убавина додека шетате бос по прекрасниот брег.

 

Лопуд/ Фото: Инстаграм/ okcroatie

„За само еден час патување со брод од урбаниот Дубровник, пристигнувате до волшебното мало пристаниште на островчето Лопуд, кое плени со своите куќи во боја на мед искапени од сонцето. Штом бродот го напушти пристаништето, останувате во мир на место каде што не се дозволени автомобили“, опишува угледниот портал и додава:

Лопуд/ Фото: Инстаграм/ okcroatie

„Прошетката низ неговата пошумена околина ве носи до плажата „Шуњ“, полумесечина од песок и вода со зеленикав сјај, една од најубавите во цела Хрватска. До неа има тераси покриени со бамбус и неколку непретенциозни бистроа долж брегот, кои го служат најсвежиот јастог за мал дел од цената на другите медитерански ривиери“.

Тие тврдат дека Раб ги има најдобрите плажи на источниот јадрански брег и истакнуваат дека е мистериозно што сѐ уште не станал најпосетуваниот остров на Медитеранот.

Раб/ Фото: Инстаграм/ anya235anya

„Раб е убавина, неговиот стар град е збирка од куќи и камбанарии сместени на полуостров. Покривите од теракота се пријатен контраст со морско зелениот Јадран, додека остатокот од островот изобилува со зимзелени и дабови дрвја. Но, најголемата атракција од сите, се плажите на Раб кои го одземаат здивот, големи, долги полумесечини од бледо златен песок кои исчезнуваат во смарагдната вода“, пишува „Телеграф“ и додава:

Раб/ Фото: Инстаграм/ anya235anya

„Прошетајте или возете велосипед до плажата „Рајска“ или „Сахара“ или пак имате можност да го истражите островот и да најдете една од многуте скриени плажи. Една од нив е „Кандарола“, во која уживал британскиот крал Едвард Осми во 1936 година.

Заедно со хрватските острови, „Телеграф“ ги истакнува и европските острови Фавињана (Сицилија), Агистри (Грција), Пантелерија (Сицилија), Андрос (Грција), Понца (Италија), Процида (Италија), Ла Мадалена (Сардинија), Меганиси (Грција) и Кала Наполетана (Италија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот