ФОТО | Покажа повеќе одошто требаше: На Кирстен Данст ѝ пукна здолништето пред камерите по БАФТА!
Актерката Кирстен Данст (43) доживеа моден пех при доаѓањето на забавата на „Јуниверзал“ по доделувањето на наградите БАФТА во Лондон, што се одржа синоќа во приватниот лондонски клуб „Освалдс“.
Препорачано
Кирстен, која претходно таа вечер на доделувањето на наградите му беше поддршка на сопругот Џеси Племонс (37), номиниран за најдобар актер, се најде во непријатна ситуација кога здолништето ѝ се скина, ризикувајќи да покаже повеќе одошто планирала.

Кирстен за таа пригода избрала впечатливо розово палто со нагласени, огромни паф ракави, кое го носела преку црно-белиот фустан, но токму долниот дел од облеката настрадал во текот на вечерта. И покрај модниот инцидент, актерката изгледала расположено додека пристигнувала на забавата, каде што славеле голем број гости, вклучувајќи ја и добитничката за најдобра глумица Џеси Бакли, како и колешката на својот сопруг од филмот „Бугонија“, Ема Стоун.
Порано вечерта, Кирстен и Џеси, кои се венчаа во 2022 година, се прегрнувале и бакнувале на црвениот тепих, не криејќи ја заемната вљубеност. Двојката, која ги има синовите Енис (7) и четиригодишниот Џејмс, изгледала хармонично и среќно пред самата церемонија.
И покрај модниот пех, вечерта поминала во славенички тон за актерката, а таа цело време била насмеана.
БАФТА 2026 – „Една битка по друга“ освои најмногу признанија на британските филмски награди


