ФОТО | Во Сен Тропе: Џенифер Лопез, Бен Афлек, но и поранешниот свршеник Алекс Родригез

џенифер лопез бен афлек алекс родригез
ФОТО: Инстаграм-Профимедиа

Џенифер Лопез својот 52-от роденден го прослави со Бен Афлек на јахта во француската ривиера. Таму бил и нејзиниот поранешен вереник Алекс Родригез, кој исто така одмара на јахта во истата област во исто време.

Алекс и Џеј Ло се нашле на исто место на одмор, бидејќи „пред да раскинат планираа заедничко патување на француската ривиера за нејзиниот роденден. На крајот, тој одлучи да не ги менува своите планови и сепак да оди – и таа исто така одлучи да отиде на патување, но со Бен, и поради тоа сите се сега на исто место“, изјавил анонимен извор за „E!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Таа била посветена на Афлек и не била трогната од обидите на Родригез да го привлече нејзиното внимание. Изворот објаснил: „Таа знаеше дека Алекс е некаде околу, но тој е последното нешто што ѝ паѓа на ум и не ѝ е важно тој што прави. Целосно е заљубена во Бен и има само очи за него. Таа продолжи понатаму и не се враќа назад. Многу ѝ е олеснето што не е во таа врска и дека заврши со него“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TJV Daily Dish (@tjvdailydish)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот