ФОТО | Вистинско чудо: Куќа остана „недопрена“ од катастрофалниот пожар на Хаваите

Фото: Инстаграм/„Би-би-си“

Катастрофалниот пожар на островот Мауи на Хаваите целосно го уништи градот Лахаина, но вниманието на корисниците на социјалните медиуми го привлече една неоштетена црвена куќа на брегот, пишува „Би-би-си“.

Населбата околу куќата се претвори во урнатини, но стогодишната дрвена куќа сè уште стои. Нејзините сопственици се прашуваат зошто била поштедена во пожарот.

„Ми изгледаше како фотографијата да е фотошопирана (обработена во компјутерска програма за слики)“, изјави сопственикот на куќата Трип Миликин за веб-страницата Хонолулу Цивил Бит.

Пожарите, најголемата природна катастрофа на Хаваите, уништија голем дел од историскиот град Лахаина на островот Мауи. Во пожарите загинаа 114 лица, а уште околу 850 се водат како исчезнати.

Сопствениците на куќата со црвен покрив биле во Масачусетс кога ја слушнале веста за пожарот. Миликин и неговата сопруга слушнале дека целата област е зафатена од пожар и дека, веројано, е целосно уништена. Меѓутоа, следното утро ги виделе снимките од воздух и сфатиле дека нивната куќа останала недопрена.

„Почнавме да плачеме. Се чувствувам виновен. Сè уште ја чувствуваме вината“, рече Миликин.

Тие ја купиле куќата пред две години, која претходно служела како сместување за работниците во плантажа за шеќер. Куќата била во лоша состојба, па затоа ја реоновирале.

„Можно е овие реновации да ја спасиле куќата“, додаваат тие.

Сопствениците го смениле покривот, ја опколиле куќата со камења и ги отстраниле лисјата. Сепак, ниту една од овие измени не не би можеле директно да помогнав во една ваква ситуација.

„Куќата е направена од дрво, така што не е огноотпорна“, изјави Дора Атватер Миликин за „Лос Анџелес Тајмс“ .

Тие се надеваат дека ќе се вратат во Лахаина кога ќе биде безбедно и велат дека ќе понудат домување на луѓето кои ги изгубиле своите домови.

„Многу луѓе загинаа, многумина изгубија сè што имаа. Мораме да се грижиме еден за друг и да помогнеме во обновата на градот. На сите им треба помош да се опорават“, рече Миликин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот