ФОТО | Вирален хит: Преслатко момче со синдром на коса што не се чешла ги освои симпатиите на интернет
Кејтлин Семплс од Џорџија, Америка, минатата година на својот инстаграм-профил објави фотографија од својот најмал син, Локлејн. Малечкиот привлече внимание со својата коса, а еден од следбениците на Кејтлин ѝ пратил порака со прашањето: дали нејзиниот син има синдром на „нечешллива“ коса?
View this post on Instagram
Кејтлин поради тоа била загрижена и отишла со детето на преглед на дерматолог. Тој дијагностицирал токму тоа – Синдром на коса што не се чешла.
View this post on Instagram
Овој синдром е резултат на наследување на две копии од генетски мутации – една од секој од родителите, која го менува обликот на коренот на влакното.
View this post on Instagram
Резултатот е многу тенка коса која „лебди“ околу главата и се добива впечаток дека косата никогаш не е исчешлана. Забележани се само околу стотина случаеви со ваков синдром во светот, а состојбата на косата се подобрува обично во период на пубертет.
View this post on Instagram
Мајката барала совети и искуства околу овој синдром и преку социјалните мрежи. Најпосле, отворила и профил на инстаграм во кој објавува фотографии од малечкиот кој буквално ги украде срцата на сите. Тој и со ваква коса е неверојатно сладок и симпатичен!
View this post on Instagram