ФОТО+ВИДЕО | Турбулентниот живот на Мира Фурлан: Не сакаше да се откаже од човекот кој засекогаш го освои нејзиното срце

Profimedia

Познатата актерка Мира Фурлан, беше меѓу најубавите жени на поранешна Југославија и без оглед на сѐ, не сакаше да се откаже од човекот кој засекогаш го освои нејзиното срце. За нејзиниот живот се пишуваше и се зборуваше претходните децении, а таа никогаш не го криеше фактот дека напуштањето на овие простори го гледаше како единствено решение за време на немирите што го зафатија регионот.

Мира Фурлан во „Циркус Колумбија“/Profimedia

Целиот регион ги помни нејзините улоги во некои од култните југословенски филмови и серии- „Татко на службен пат“, „Од злато јаболко“, „За среќа се потребни тројца“, „Вук Караџиќ“, „Филм без име“, „Шпион на потпетици“, „Браќа по мајка“…

Во далечната 1986 година, Мира го запознала српскиот режисер Горан Гајиќ, со кого наскоро започнала врска.

Мира Фурлан во „Изгубени“/Profimedia

Во една прилика Мира раскажа како режисерот ја освоил.

„Се качи на јарболот на бродот што нѐ возеше од Хвар до Вис. Гледајќи го како се држи до високиот јарбол со една рака, сфатив дека тој е човек кој не се плаши. Конечно, си реков. Моите средби со луѓе од спротивниот пол досега беа претежно средби со целосно преплашени мажи. Паничниот страв од жените е исто така извор на насилство врз жените што ги обележува овие области“, рекла Фурлан.

Instagram

Бидејќи поради љубовта живеела на релација Белград-Загреб, хрватските медиуми во раните 90-ти ја обвинуваа дека се приклонила кон Србија и објавуваа текстови во кои ја нарекуваа предавничка. Мира често посетувала психијатар, поради што била изложена и на јавни осуди.

Мира Фурлан во „Циркус Колумбија“/Profimedia

Ја отпуштиле од Хрватскиот народен театар ѝ го одзеле станот што го наследила од нејзината баба и добивала по 50 смртни закани на ден. Поради се со што се соочиле, во 1991 година Мира и Горан биле принудени да се иселат во Белград, од каде што заминале за САД. Како што пишуваа медиумите, во тоа многу им помогнала Милена Дравиќ.

Мира Фурлан во „Babylon 5“/Profimedia

Кога пристигнале во САД, работеле сѐ за да преживеат. Горан работел како доставувач, асистент на монтажа и монтажер, а Мира како келнерка, продавачка и преведувачка. Се заколнале на вечна љубов и го добиле синот Марко Лав.

Во САД, Мира брзо почнала да создава кариера, што ѝ одело од рака.

Глумеше во 110 епизоди од научно-фантастичната серија „Вавилон 5“ од 1994 до 1998 година.
Во периодот од 2004 до 2008 година, глумеше во американската серија „Изгубени“, која постигна планетарен успех.

Наскоро доби исклучителна репутација во Америка, а во 2014 година доби понуда да предава на филмската академија во Лос Анџелес, а потоа и на филмската академија во Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by filmnatv (@filmnatv)

Мира Фурлан починала од последици на вирусот Западен Нил

 

Почина актерката Мира Фурлан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот