Фото: Слободен печат / Методи Здравев

ФОТО+ВИДЕO | Телата заслужуваат заштита како и авторските дела – смела модна ревија во Скопје

Моден викенд Скопје ја имаше прва инклузивна модна ревија. Ревијалниот дел на 31. Моден викенд Скопје беше отворен со ревија од десет модели, од нив две лица со попреченост,  на пистата видовме и плус-сајз модели, а продефилираа и модели од повеќе националности, вклучително и стандардни манекенки. Зад оваа модна револуција стои познатата македонска дизајнерка Ангела Бикова, во соработка со Карол Фариас од Шпанската асоцијација за одржливост, иновации и циркуларност во модата (SICModa), и со креативна поддршка од Палома Гарсија Лопез — визионерка и лидерка на и Модата одамна не е само облека, модата е движечка сила.

-Овојпат 31. Моден викенд Скопје отвора клучни прашања во свет каде што дигиталниот простор сè повеќе ги обликува нашите животи, човечките тела сè уште немаат правна заштита каква што имаат логоата, музиката или филмовите. Сајбер насилството е реалност која секојдневно допира илјадници жени, девојки и маргинализирани заедници, од неовластено споделување интимни фотографии, до дипфејкови и онлајн вознемирување. Bodyright (Бодирајт) е глобално движење кое го крева гласот: нашите тела заслужуваат иста заштита и почит како и секое друго авторско дело. Овој октомври, модата ќе стане сцена на отпор, креативност и достоинство – велат организаторите.

Ангела Бикова, Карол Фариас и Палома Гарсија Лопез/ фото: Моден викенд Скопје/ Слободен печат

Во срцето на проектот е уникатна капсулна колекција создадена од рециклирани материјали, како симбол на обновување и отпор. И овде не станува збор само за инклузивна ревија туку за една гласна порака, еден крик.

-Колекцијата е создадена во дијалог со глобалното движење bodyright, под покровителство на UNFPA, и повикува на почитување, автономија и застапеност на секое тело во дигиталниот простор. Ткаенините стануваат зборови, силуетите стануваат гласови, а пистата се претвора во простор на отпор – велат од Моден викенд Скопје.

Претставата на пистата се одвиваше во три чина, секој осветлувајќи различен аспект од борбата за дигитално достоинство и автономија: од угнетување кон ослободување, од молк кон изјава. Тоа е патување низ болката, силата и надежта. Пистата одеднаш стана платно каде што приказните се сошиени од протест, издржливост и визија за подобар дигитален свет.

Bodyright не е само моден проект, тоа е повик за промена. Повик да го заштитиме дигиталниот интегритет на секое тело, да им дадеме вредност и глас на оние кои премногу често се замолчени.

Најголемиот моден настан кај нас оваа сезоана е исполнет со богата програма, низа работилници и тркалезни маси за суштествени прашања. Моден викенд Скопје, годинава се одржува под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“.

Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот