ФОТО+ВИДЕО: Тајната на костимот на Џеки Кенеди: Го носела дури 24 часа по атентатот на претседателот, а еве зошто е „под клуч“ до 2103-та година

Profimedia
Profimedia

Сопругата на убиениот американски претседател Џон Кенеди, Џеки Кенеди, секогаш важела за икона на стилот. Па, така и тоа што го носела на кобниот 22-ри ноември 1963-та година влегло во историјата.

Таа го носела легендарниот розов костим додека со својот сопруг се возела во Далас во претседателската лимузина кога врз него бил извршен атентат.

Фото: Профимедиа

И по тој страшен настан, Џеки го носела истот костим во наредните 24 часа.

„Нека видат што направија“, изјавила таа додека на костимот и понатаму можеле да се забележат дамките од крв.

Фото: Профимедиа

Таа го носеше и за време на давањето заклетва на новиот претседател Линдон Г. Џонсон. Костимот не бил испран, па крвта јасно можела да се види на десниот ракав.

Како што поминувало времето, во модните води била покрената голема расправа за нејзиниот култен костим. На крајот експертите биле согласни дека истиот е сошиен во Њујорк, но ткаенината, копчињата и кројот се од познатата француска модна компанија „Шанел“.

Се претпоставува дека костимот чини околу 1.000 долари (што денеска истиот би имал вредност од 7.500 долари). Ова најтажно розево парче облека Џеки го носела 6 пати, меѓу другото и на патувањето во Лондон една година пред немилиот настан.

Фото: Профимедиа

Костимот денеска се чува во Американската национална архива во државата Мериленд каде што го однела ќерката Керолин.

Тој и понатаму е „извалкан“ од дамките крв, но не е достапен на увид за пошироката јавност, а за тоа се наведува дека такви биле барањата.

Фото: Профимедиа

Сепак, се чува во строга тајност како спомен и сеќавање на семејството Кенеди:

„Кога би бил изложен би поттикнал хистерија“, изјавил кураторот Филис Магидсон. Костимот ќе може да биде достапен за јавноста дури во 2103 година кога семејството ќе одлучи дали некој смее да му пристапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот