ФОТО + ВИДЕО | Новите чизми на „Луј Витон“ кои чинат 2.000 евра станаа вирални: Дали си играте мајтап со нас?

Фото: louisvuitton.com

Луксузниот моден бренд „Луј Витон“ лансираше чизми кои изгледаат како женска нога со чорапи и потпетици. Достапни се во потемни и посветли тонови на кожа, како и во должина на глуждот или коленото. Цената на овие чизми е 2000 евра на европскиот пазар, без разлика на верзијата.

Чизмите дебитираа на саемот на „Луј Витон“ есен/зима 2023 година и се дизајнирани реално да го имитираат изгледот на вистинска женска нога облечена во ЛВ (LV) потпетици и бели чорапи. Илужн бутс (Illusion Boots) се рачно изработени од телешка кожа и рачно насликани за да создадат ефект на оптичка илузија.

Фото: louisvuitton.com

Не требаше многу време чизмите да станат вирални на ТикТок и многу луѓе го кажаа своето мислење за нив, а како што често се случува, на некои им се допаѓаат, а други ги мразат. Тиктокерката Изи го пофали овој нов пар чизми и истакна дека е многу возбудена поради купувањето. „Морав да ги купам“, вели таа во видеото.

@izzipoopiUltimate pollypocket/trompe-loeil boots♬ original sound – IZZI

Видеото досега собра над 6,5 милиони прегледи и многу коментари.

„Ги сакам, но тоа ме тера да кажам – „дури и Луј Витон прави грешки““, „Ова е најсмешното нешто што сум го видел“, „Плативте за ова?“, „3000 долари за тоа е лудост“, Јас сум без зборови“, „Го сакам ова“, се само некои од нив.

Друга тиктокерка во своето видео рече дека мисли дека дизајнерите сакаат да си играат со нас.

@robynmarieisme #greenscreen ♬ original sound – Robyn

„Дизајнерска грдост. Престанете да си играте со нас и да прваите грди/одвратни дизајнерски предмети“, напишала таа во видеото. „Кој го носи ова?“, праша таа во видеото.

„Дури ми се допаѓаат“, „Ова е во случај да не сакам да се депилирам цела зима“, „Сакам да ги видам на некого“, „Мислам дека се кул“, „Венус Вилијамс ги носеше претходно оваа година (ниски чизми) и изгледаше слатко“, „Ова е најгрдото парче глупост наречено луксуз што некогаш сум го видел!“ само некои од коментарите под нејзиното видео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот