ФОТО+ВИДЕО | Гвен Стефани доби ѕвезда на Булеварот на славните: Ја расплака говорот на сопругот

Фото: AFF-USA / Shutterstock Editorial / Profimedia

Гвен Стефани ја доби својата заслужена ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд , а таа чест ја прослави заедно со трите сина и сопругот Блејк Шелтон.

Американската кантри-ѕвезда, Блејк Шелтон одржа говор за време на церемонијата, потенцирајќи ја нејзината посветеност на мајчинството, грижејќи се за 17-годишниот Кингстон, 15-годишниот Зума и деветгодишниот Аполо, пишува „Билборд“. 

„Стоејќи овде речиси 10 години подоцна откако првпат ја запознав, можам без сомнение да кажам дека мајчинството сè уште е најважната работа во нејзиниот живот“, се обрати тој на толпата и додаде: „И морам да ви кажам на сите, тоа е реткост во овој бизнис“.

Додека Гвен веќе ги бришеше солзите, Шелтон продолжи: „Денес е убаво да се види како е почестена за нејзиниот спореден проект, а тоа е да биде една од најголемите ѕвезди во светот. Според мене, Гвен е совршена личност за да добие ѕвезда на Булеварот на славните. Од музика, телевизија и филмови до мода и убавина, таа постојано се искачува на врвот, со нејзиниот уникатен стил што го натера светот да се заљуби во неа. Сепак, не толку како мене“.

Фото: Инстаграм/ Gwen Stefani

Стефани се огласи на Инстаграм по церемонијата за да се заблагодари за нејзиното достигнување, пишувајќи: „Кој би помислил дека оваа девојка од Анахајм ќе има своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд 🌟 Ви благодарам што бевте со мене на ова патување, пеејќи со мене сите овие години… ве сакам!!!“

Фото: Инстаграм/ Gwen Stefani
Фото: Инстаграм/ Gwen Stefani

Љубовната приказна на Гвен Стефани и Блејк Шелтон- Од другари станаа брачни другари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот