ФОТО + ВИДЕО | Бјанка Ценсори го прослави 30-тиот роденден: Луда забава, голотија и „валкан танц“ со Пенелопе Круз
Сопругата на раперот Канје Вест, Бјанка Ценсори го прослави триесеттиот роденден на забава на Малдиви. Познатата двојка изгледаше и се однесуваше доста скандалозно, како што сме навикнати да ги гледаме откога се заедно.
Препорачано
На прославата, Бјанка Ценсори носеше црни тесни хеланки, со само две широки прерамки преку градите, кои ѝ беа доста разоткриени, типично за нејзините скандалозни модни изданија.
Бјанка и Канје често се бакнувале во текот на вечерта, а во неколку наврати толку се опуштиле што се нашле во пози кои не се соодветни за јавно место.


Таа танцувала цела ноќ, а во еден момент ѝ се придружила „неочекувана“ другарка со која споделиле „валкан танц“. Бјанка сподели видео на кое танцува со познатата холивудска актерка Пенелопе Круз и тоа во прилично предизвикувачки сцени.
View this post on Instagram
Канје во оваа прилика на Инстаграм сподели и видео од сопругата во када пред своите 20 милиони луѓе, на кое таа седи гола и мокра додека тој ја снима, а во описот само накратко додал: „Среќен роденден душо“.


