ФОТО+ВИДЕО | Бестрашната Анџелина Џоли опкружена со пчели по повод Светскиот ден на пчелите

Instagram

Денес е Светски ден на пчелите и воедно ден за подигнување на свеста за нивната важност, заканите со кои се соочуваат и нивниот придонес кон одржливиот развој.

Анџелина Џоли веќе долго време е специјален член на „UNHCR“, а сега работи и со „UNESCO“ и „Guerlain“. Во знак на поддршка на Светскиот ден на пчелите Анџелина Џоли се појави опкружена со пчели – дел од новата иницијатива на „UNESCO“ и „Guerlain“, која вклучува обука на 50 жени пчеларки и има за цел да складира 125 милиони пчели до 2025 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by National Geographic (@natgeo)

Анџелина во соработка со „National Geographic“ сакала да го направи овој неверојатен портрет, а на социјалните мрежи денес се појави и видео од снимањето. Имено, фотографот и пчелар Дан Винтерс бил инспириран од познатиот портрет направен во 1981 година од Ричард Аведон. За оваа цел биле користени италијански пчели. Сите на снимањето, освен Анџелина, морале да бидат во заштитно одело. Требало да бидат тивки за да се смират пчелите.

Џоли била мотивирана од повеќе работи – пчелите како незаменлив столб на нашето снабдување со храна кои се загрозени од паразити, пестициди, загуба на живеалиштата и климатските промени, како и глобалната мрежа на жени кои ќе бидат обучени да ги штитат овие клучни опрашувачи.

Во светот се случуваат многу работи поради кои сме загрижени… Презаситени сме од лоши вести, но овој е еден од проблемите кои можеме да ги решиме“, изјавила Џоли.

Џоли неодамна беше прогласена за „кума“ на проектот „Women for Bees“, петгодишна програма започната од „UNESCO“, „UN“ и  француската козметичка компанија „Guerlain“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот