Ерик Дејн со сопругата Ребека / Фото: EPA

ФОТО | Вдовицата и ќерките на Ерик Дејн се појавија во јавност за првпат по неговата смрт

Вдовицата на Ерик Дејн, Ребека Гејхарт, се појави за првпат во јавноста по неговата смрт на премиерата на „Драмата“ во Лос Анџелес, каде што ѝ се придружија нивните ќерки, 16-годишната Били и 14-годишната Џорџија.

Нивното појавување на црвениот тепих се случи само неколку недели откако актерот почина од амиотрофична латерална склероза (АЛС), позната и како Лу Геригова болест, пренесува „Дејли мејл“.

Гејхарт и нејзините ќерки дојдоа на премиерата за да ја поддржат колешката на Дејн од „Еуфорија“, Зендаја, која глуми покрај Роберт Патинсон во „Драмата“.

Ребека Гејхарт со ќерките / Фото: – / INSTAR Images / Profimedia

54-годишната актерка за пригодата избра елегантен фустан со пруги, кој го комбинираше со црни чипкани потпетици и розова чанта. Нејзината постара ќерка Били се одлучи за бел чипкан топ и здолниште во иста боја, со мала чанта „Диор“ и потпетици во боја на лаванда, додека помладата Џорџија носеше розов фустан и проѕирни потпетици со црна чанта.

Ерик Дејн се здоби со слава по улогата на д-р Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“, а во последните години го играше Кал Џејкобс, таткото на Нејт Џејкобс, во наградуваната серија „Еуфорија“.

Пред неговата смрт, тој успеа да ги заврши снимањето на своите сцени за претстојната трета сезона од серијата, чија премиера се очекува на 12 април.

Месеци пред неговата смрт, Дејн сними 50-минутно интервју за Нетфликс наречено „Познатите последни зборови: Ерик Дејн“, кое беше посмртно објавено.

ВИДЕО | Емотивна порака на Ерик Дејн до неговите ќерки објавена еден ден по неговата смрт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот