Фото: РК Вардар

ФОТО: Вардар слави 65 години постоење, претставено и ново специјално лого

Eкипата на Вардар оваа година слави 65 години од своето постоење и роденденот ќе го прославви со специјално лого кое ќе биде дел од дресовите на тимот до крајот на оваа сезона.

Дизајнот симболично ја прикажува традицијата, историјата и трофејното минатото на варарци.

„Во чест на одбележувањето на 65 роденден на клубот, ви го претставуваме официјалното лого кое симболично ја отсликува историјата и славното минато на големиот Вардар, а кое до крајот на јубилејната сезона ќе ги краси и дресовите во кои ќе настапува нашиот тим!

Клуб за сите генерации претставува омаж на ракометните легенди, спортските работници и навивачите кои шест и пол децении заедно ја создавале црвено-црната приказна која со истиот став, стремеж и емоција продолжува да живее и понатаму!

Во таа насока, ги покануваме сите навивачи на дерби натпреварот против Алкалоид, кој ќе се одигра во недела во ракометниот храм со почеток од 18:30 часот“, стои во објавата на „црвено-црните“.

Фото: РК Вардар

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот