Screenshot/X

ФОТО | Урнебесно: Славниот Фалкао доби статуа на која и самиот не би се препознал

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, но овојпат не поради голови, туку поради споменикот што му беше подигнат во неговиот роден град Санта Марта. Статуата предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а дел од навивачите коментираат дека повеќе наликува на некаква карикатура отколку на легендарниот фудбалер.

Споменикот е дело на вајарот Роберто Мисиел, висок е 173 сантиметри и тежи повеќе од 88 килограми. На постаментот стои натписот „Почитт за Радамел Фалкао Гарсија“, со опис дека станува збор за фудбалер од Санта Марта, познат по блескавите настапи во европските клубови, како и по улогата на напаѓач и капитен на колумбиската репрезентација.

Фалкао, познат под прекарот „Ел Тигре“, во кариерата освои титули во Лига Европа со Порто и Атлетико Мадрид. За националниот тим на Колумбија одигра 104 натпревари, а беше дел и од тимот на Монако кој ја освои титулата во француската Лига 1 во 2016 година.

Ова не е првпат Фалкао да добие споменик во Колумбија. Претходно во негова чест беше поставена и пет метри висока, целосно бела статуа, која исто така не наиде на позитивни реакции од јавноста, бидејќи многумина сметаа дека не личи на него.

Да потсетиме, Фалкао во својата кариера настапуваше и за Манчестер јунајтед, каде одигра 26 натпревари и постигна само четири голови под водство на Луис ван Гал. „Црвените ѓаволи“ во 2015 година имаа можност да го откупат за околу 50 милиони евра, но поради слабиот учинок не ја искористија таквата можност.

Една година подоцна, и Челси размислуваше за негов ангажман за сума од околу 44 милиони евра, но и лондонскиот клуб се откажа по неуспешната позајмица обележана со бројни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот