ФОТО: Украина објави сателитски снимки од руски воени бази и оружја

ФОТО : Твитер

Украина објави нецензурирани сателитски снимки, на кои се прикажани неколку од многуте „осетливи“ руски воени локации. Меѓу видливите локации е и таа со единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузњецов“, базата за складирање нуклеарно оружје во Мурманск, рускиот напреден борбен авион Су-57 и воздушните бази во стратешките региони Курс и Камчатка.

Сателитските снимки беа објавени на твитер-профилот @ArmedForcesUkr, кој иако не е верификуван, досега често беше цитиран од украинското Министерство за одбрана. Во твитот се тврди дека „Гугл“ ја тргнал цензурата од сликите за тие повеќе да не се заматени. Со овој чекор, според пишувањата на медиумите, се смета дека технолошкиот гигант влегува во војната на украинска страна.

Во објавата на Твитер понатаму се тврди дека сите руски воени и стратешки локации сега се видливи на „Гугл мапс“ во максимална резолуција.

Технолошкиот гигант наведува дека овие видеа отсекогаш биле слободно достапни за јавноста и дека сликите не укажуваат на промена на политиката на компанијата.

„Не направивме никакви промени на нашите сателитски снимки во Русија“, се вели во соопштението од компанијата.

Чувствителните воени локации во Велика Британија исто така се видливи и на мапите на „Гугл“, вклучувајќи го и водечкиот носач на авиони на Кралската морнарица, Кралицата Елизабета, во родното пристаниште Портсмут.

Објавувањето на чувствителните воени и стратешки локации на Русија доаѓаат откако Москва започна обновена офанзива на украинскиот Донбас додека војната влегува во нова фаза.

Во исто време Русија го обвини технолошкиот гигант за недозволена објава на сателитски снимки од чуствителните локации во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот