„Чарлиевите ангели“ - Кејт Џексон, Џеклин Смит и Черил Лед претходно и денес/Фото: Spelling - Goldberg / Christophel Collection / Profimedia / Katrina Jordan / Sipa USA / Profimedia

ФОТО | Трите ѕвезди од „Чарлиевите ангели“ преживеале рак на дојка: „Беше долго и тешко патување“ 

Кејт Џексон, Џеклин Смит и Шерил Лад, трите „Чарлиевите ангели“, разговарале за 50-годишнината од серијата и нивното пријателство и откриле дека сите три ја преживеале лошата болест.

Популарната телевизиска серија „Чарлиевите ангели“ (Charlie’s Angels) се емитуваше од 1976 до 1981 година на мрежата Еј-би-си. Имаше пет сезони и 110 епизоди. Во улогите блеснаа Кејт Џексон, Фара Фосет и Џеклин Смит, како и Џон Форсајт, кој го позајми гласот на нивниот шеф, никогаш прикажаниот Чарли Таунсенд, блескаа во улогите. Потоа Фосет и Џексон ја напуштија серијата, а дојдоа Шерил Лед, Шели Хек и Тања Робертс.

Но, Кејт Џексон, Џеклин Смит и Шерил Лад останале пријателки засекогаш, а сега се собраа на панел-дискусија на „ПалејФест“ во Лос Анџелес во центарот „Палеј“ за да разговараат за трајното наследство на „Чарлиевите ангели“. На почетокот, тие ѝ оддале почит на покојната Фара Фосет.

 

За време на панел-дискусијата на ПалејФест, трите актерки зборувале за своите искуства со ракот на дојка. Тоа било првпат Лад јавно да сподели дека се опоравува од болеста, објави „Вариети“.

Потоа, во интервју со водителката Марија Шрајвер (поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер), кое беше емитувано на 7 април, тие зборуваа за „моќта на женското пријателство“ во борбата против ракот.

„Секоја од вас преживеала рак. А знаеме дека и Фара Фосет имаше рак. Дали споделувавте приказни едни со други?“, прашала Шрајвер.

Смит признала дека пријателството меѓу нив двете се продлабочило како резултат на нивните заеднички искуства.

„Тоа едноставно ве поврзува бидејќи знаете низ што поминуваат. И тогаш зборувам за моќта на пријателките“, рекла Шерил Лад.

„Секогаш е шок, а кај мене беше агресивна форма. Тоа е понижувачко искуство, а сепак имав прекрасни лекари и прекрасен сопруг кои ми помогна да се борам“, рекла Лад на панелот.

Лад отворено зборувала за својата дијагноза и лекувањето, присетувајќи се на емотивното патување во текот на хемотерапијата.

„Тоа беше долг, тежок пат“, рекла Лад.

Кога Смит се лекувала од ракот на дојка, се потпирала на „моќта на пријателките“ и своето семејство.

„Кога Шерил ми се јави, првото нешто што го направив беше да ѝ ги испратам моите перики. Беше толку храбра“, рекла Смит.

Кога Џексон се лекувала од ракот на дојка, Смит била таму за да ја поддржи.

„Навистина е важно да разберете и прифатите дека не се плашите од мамографија. Раното откривање е клучно. Откријте го доволно рано и веројатно ќе бидете добро“, рекла Џексон, а Лад порачала: „Ако најдете нешто, нр го игнорирајте тоа!“.

 

Во текот на разговорот со Шрајвер, трите актерки ја истакнале моќта на пријателството во реалниот живот и позитивното влијание што нивното пријателство го имало и врз другите жени.

„Секогаш зборувам за моќта на женското пријателство. Тоа е толку важно“, рекла Смит.

„Истото можам да го кажам. Мислев дека покажувањето дека сме тука една за друга, а не натпреварувањето е суштински важно“, додала Лад.

„Ниту една од нас не мораше гласно да каже: ‘Ти го чувам грбот’. Едноставно така беше“, рекла Џексон.

Черил Лед, Џеклин Смит и Кејт Џексон во „Чарлиевите ангели“/Фото: Spelling – Goldberg / Christophel Collection / Profimedia

 

Черил Лед, Џеклин Смит и Кејт Џексон денес/Фото: Katrina Jordan / Sipa USA / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот