ФОТО | Топла и богата: Боја која во 2024 година ќе биде голем тренд во уредувањето на ентериерот

Фото: Curtis Adams / Pexels

Експертите од областа на уредувањето на ентериерот ги открија своите предвидувања за трендовите во 2024 година, а меѓу нив е и една боја за која нема често да слушнете некој да ви каже дека му е омилена.

Но, оваа топла и богата боја може да изгледа многу добро во просторот, а поради својата неутралност одлично се комбинира со другите бои.

Фото: Pixabay

Сивите, беж и неутралните пастелни нијанси веќе неколку години се на врвот на најпопуларните бои кога станува збор за уредување на ентериерот и просторот за живеење. Ова не е изненадувачки, бидејќи станува збор за бои кои лесно се вклопуваат во секој стил на уредување и лесно се комбинираат една со друга.

Фото: Pixabay

Но, во 2024 година, трендовите носат отстапување од сивата и другите такви популарни тонови. Експертите за уредување на ентериерот предвидуваат дека кафеавата боја ќе биде голем хит, особено нијансите како чоколадна и карамел.

Фото: Marble Unlimited

Кафеавата боја настанува со мешање на жолта, портокалова или црвена со црна или сива боја. Често се гледа во природата, дрвјата, почвата, бојата на човечката коса, бојата на очите и пигментацијата на кожата. Во ентериерот може да изгледа рустикално, но и многу моќно и елегантно, во зависност од тоа која нијанса ќе ја изберете, првенствено посветла или потемна.

Фото: Pxhere

Доколку се одлучите за поголемо парче мебел во кафеава боја, како гарнитура за седење или полици во дневната соба, се предлага остатокот од просторот да биде што е можно повеќе бел или обоен во други светли тонови за да се создаде најдобрата можна хармонија.

Фото: Pixabay

А деталите во кафеава боја, како што се украсните перничиња, светилки или прекривки, ќе внесат доза на топлина и класика во домот. Во продолжение можете да пронајдете идеи како совршено да ја вклопите кафеавата боја во вашиот животен простор.

Фото: Freep!k
Фото: JR P / Flickr

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот