ФОТО | Том Круз пречекан со овации за „Top Gun: Maverick“ на Канскиот филмски фестивал

Том Круз доби Златна палма, Фото: EPA

На дијамантскиот јубилен на Канскиот филмски фестивал Том Круз беше пречекан со громогласен аплауз и стоечки овации во средата вечерта кога му беше доделена престижната „Златна палма“.

Долгоочекувниот „Top Gun: Maverick“ беше прикажан за време на втората вечер на двонеделниот фестивал, а Том Круз се обрати на толпата пред да му биде врачено признанието:

„Ви благодарам за одвоеното време. Ги снимам овие филмови за сите вас“

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

 

Пред да ја прими наградата од директорот на фестивалот во Кан, Тиери Фремо, трикратниот добитник на Златен глобус, беше воодушевен на црвениот тепих додека осум борбени авиони летаа над салата.

„Сите тие работеа толку напорно за да го пренесат ова на големото платно, и сон е да се биде тука. Никогаш нема да ја заборавам оваа вечер“, Круз ги пофали и своите соработници во Парамаунт.

Стоечките овации на Том се навистина ретка прилика кога била дадена таква реакција за актер пред првиот кадар од филмот да биде виден.

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Том и неговата колешка Џенифер Конели се облекоа за да импресионираат додека пристигнуваа на премиерата на нивниот филм. Актерот ја истакна атлетската фигура во класичен црн смокинг, додека Џенифер, која ја игра Пени Бенџамин, изгледаше беспрекорно во впечатлив сребрен фустан со голи раменици.

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Продолжението на класичниот блокбастер на Тони Скот од 1986 година „Top Gun“ беше едногласно пофалено од критичарите, дури со ставот дека е „подобар од оригиналот на секој можен начин“.

Критичарите пресудија: Новиот „Top Gun“ го „шие“ стариот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот