ФОТО | Тиражот на „Епл дејли“ се зголеми по рацијата: Луѓето чекаат ред за да купат весници, продадени се милион примероци

Тиражот на продемократскиот весник „Епл дејли“, чии уредници се обвинети според Законот за национална безбедност во Хонг Конг, денес достигна половина милион примероци, што е зголемување за повеќе од шестпати во споредба со претходниот ден кога биле продадени 80 000 примероци, објави Ројтерс.

Имено, полицијата во Хонг Конг вчера уапси петмина новинари од продемократскиот весник „Епл дејли“, вклучувајќи го и главниот уредник Рајан Ло, при претрес во просториите, повикувајќи се на Законот за национална безбедност.

EPA-EFE/JEROME FAVRE

Новинарите беа уапсени поради постоење на „договор со странска земја со цел да се загрози националната безбедност“, соопшти полицијата.

Во претресот на канцелариите на весникот учествуваа околу 500 полицајци, со тврдењето дека неговите извештаи го кршат Законот за национална безбедност, пренесе вчера Би-Би-Си.

Во акцијата е замрзнат и имот и актива во вредност 2,3 милиони долари, сопственост на три компании поврзани со „Епл Дејли“. Весникот е во сопственост на Џими Лаи, кој е во затвор по повеќе обвиненија.

EPA-EFE/JEROME FAVRE

Познато е дека весникот „Епл Дејли“ е критички настроен кон кинеското државно раководство.

На брифинг со новинарите, полицијата соопшти дека од 2019 година „Епл Дејли“ објавил повеќе од 30 написи во кои се повикуваат земјите да воведат санкции против Хонг Конг и континентална Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот