ФОТО: Тетово тоне во смет, сите јавни површини претворени во депонии и пасишта

Фото: Слободен печат

Запустени и обраснати тревници, коњи кои се напасуваат во единствената зелена површина во градот „Жена парк“, слободни јавни површини каде се фрла смет, а никој не го собира, места налик на диви депонии. Ваква е сликата во долниот дел на Тетово во близина на Автобуската станица.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Локацијата околу градската спортска сала која наместо за спортски активности се издава под наем за трговски и производствени дејности „тоне“ во смет. Преполни контејнери и отпад околу нив.

Фото: Слободен печат

„Ова место и околината околу него треба да биде пример оти се работи за една од ретките јавни слободни површини малку подалеку од урбаната џунгла, но гледате во каква состојба е. Намерно ваквите површини се запустуваат и не се уредуваат, за на крајот некој да дојде за да ги купи и тука да изгради огромна висококатница, и овој простор да се „узурпира“, како и останатиот дел од Тетово, вели еден жител на Тетово.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

И единствената слободна зелена површина „Жена парк“, не се одржува, а хигиената таму според објавените фотографија е на катастрофално ниво. Сметот не се подига редовно, оштетените клупи и детски реквизити не се заменуваат и санираат.

Фото: Слободен печат

„Тука и општината е виновна, но и народот во Тетово стана ужасен. Нема никаква култура, се што е јавно добро да се уништи. За нас треба казни да ни дојде памет, ама и казни зошто голема анархија владее“, вели друг тетовец.

Фото: Слободен печат

Подобра не е состојбата и во останатите делови од Тетово.

Од комуналното претпријатие и Општина Тетово, велат дека состојбата ќе се подобри, откако ќе заврши реорганизација на вработените и поделбата на ЈКП Тетово на три правни субјекти, за водовод и канализација, паркови и зеленило и сектор за менаџирање со сметот. Така претпријатието како што велат ќе функционира поефикасно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот