Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје / фото: Дејан Србиновски / Слободен печат

ФОТО: Тешка сообраќајна несреќа кај студентскиот дом „Кузман“, има повредени

Тежок судир меѓу комбе и автомобил „Мерцедес“ вечерва се случи на крстосницата меѓу булеварот „Климент Охридски“ и улицата „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје, кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје.

Сообраќајна несреќа во центаро на Скопје / фото: Дејан Србиновски / Слободен печат

Според информациите на нашиот репортер од местото на сообраќајната несреќа, во неа имало повредени, кои биле пренесени во болница. На фотографиите на „Слободен печат“ се гледа уништениот автомобил и полицијата која го регулира сообраќајот и врши увид.

Сообраќајна несреќа во Скопје / фото: Дејан Србиновски / Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот