ФОТО | Светските трендсетерки „полудеа“ по оваа јакна: Ја носеше и принцезата Дијана

Принцеза Дијана/Фејсбук
Принцеза Дијана/Фејсбук

Британската „Кралица на срцата“, принцезата Дијана, во текот на својот живот имаше бројни незаборавни модни моменти, а некои парчиња што ги носеше, oстанаа популарни и денеска. Многу професионалци од областа на модата, велат дека Дијана со својот стил и отвореност беше далеку пред своето време, а еден важен дел од нејзината облека е хит и денес.

Познатите актерки, инфлуенсерки, модни лица од светот ја „повторуваат“ модата на леди Ди – а тоа е впечатливата „бомберска“ црвена јакна.

Принцеза Дијана/Фејсбук
Принцеза Дијана/Фејсбук

Откако заврши сезоната на серијата „Круна“, во која актерката Елизабет Дебицки ја глуми Дијана, многу парчиња од гардероберот на Дијана доживеаја одново „оживување“.  Така таа се појави во комбинацијата на каубојски чизми со релаксирани панталони и секако, црвената јакна.

Елизабет Дебицки/Профимедиа
Credit line: Cobra/Splash / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia
Cobra/Splash / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Овој стајлинг неодоливо потсетува на еден од сјајните комбинации кои Лејди Ди ги носеше за време на својот зимски одмор во Лех, Австрија, во 1993/1994 та година. Моделот на црвена огромна јакна може комотно да биде облечен и денес и повторно да бидете шик, 30 години подоцна.

Принцеза Дијана/Фејсбук
Принцеза Дијана/Фејсбук

Овие „пуфер“ јакни ја одбележаа модната сезона и се едни од најпосакуваните модни парчиња кај многу светски следачи на модата, но и познати ѕвезди, како Ријана, Дуа Липа и други.

Адисон Рае/Профимедиа
/ Backgrid USA / Profimedia
Ријана/Профимедиа
Backgrid USA / Profimedia
Дуа Липа/Профимедиа
BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот