ФОТО | Светска премиера на филмот „Spencer“: Главната актерка Кристен Стјуарт во смели комбинации во Венеција

Instagram
Фото: Instagram

Светската премиера на филмот „Spencer“ кој ги следи последните години од животот на покојната принцеза Дијана се очекува со нетрпение. Принцезата Дијана во овој филм ќе ја отелотвори врвната актерка Кристен Стјуарт.

Поради потребата на улогата, актерката си ја промени бојата на косата и се појави во атрактивно издание на промоцијата на филмот во рамки на филмскиот фестивал Венеција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Apeksha Sandesh (@apeksha.sandesh)

Во средата беше отворено 78-то издание на Венецискиот филмски фестивал Мостра. На најстариот филмски фестивал во светот, присуствуваа многу познати имиња.

кристен стјуарт
Фото: EPA-EFE/CLAUDIO ONORATI

Во четвртокот премиерно беше прикажан биографскиот филм „Spencer“ за покојната принцеза Дијана. Филмот го режираше чилеанскиот режисер Пабло Лареин, кој претходно сними филм за американската прва дама Џеки Кенеди. Филмот „Jackie“ од 2016 година освои три номинации за Оскар.

кристен стјуарт
Фото: EPA-EFE/CLAUDIO ONORATI

Актерката Кристен Стујарт на промоцијата на филмот во Венеција се појави во црн ултра краток комбинезон од модната куќа „Chanel“.

кристен стјуарт
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

За премиерата на филмот „Spencer“, Стјуарт се одлучила за поскромно издание и на црвениот тепих пристигна во свилено светло зелена креација на „Chanel“.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Изборот на режисерот за актерка која ќе ја толкува улогата на Дијана првично предизвика поделени мислења во јавноста. Имено, актерката е шест години помлада од Дијана во тоа време.

кристен стјуарт
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Покрај тоа, Стјуарт се прослави пред десет години со улогата на Бела Свон во популарната сага „Twilight“, поради што многумина сè уште не ја сметаат за актерка од „сериозен калибар“. Сепак, тешко е да не се забележи физичка сличност помеѓу актерката и покојната принцеза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот