ФОТО | Супермама: Пејачката и докторка Симона Поповска го прослави 31-от роденден

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Познатата пејачката и докторка Симона Поповска го прослави својот 31-от роденден заедно со синовите. Пејачката објави фотографија од роденденската торта на која заблеска знакот на Супермен, но во розова боја која ја симболизира моќта на една мајка, сопруга и успешна деловна жена. Симона ги дувна свеќите и замисли желба додека во прегратка ги држеше своите деца.

„Се чувствувам неверојатно благословено што го славам мојот прв роденден не со едно, туку со две мали, прекрасни момчиња покрај менe. Секој момент со нив е скапоцен подарок и сум благодарна за љубовта и радоста што ми ја носат во животот. За уште една година исполнета со незаборавни заеднички спомени“, напиша пејачката.

Пејачката за роденденот имала розева торта со макаронас, свеќи со бројот „31“, а веднаш до тортата кутија со подарок од познат бренд. Симона и нејзините синови се облечени во иста боја – бела.

Пејачката во 2021 година го доби првиот син, додека вториот го роди во 2022 година.

Симона, по професија е доктор-дерматолог, а на музичката сцена беше активна пред да стапи во брак. Таа во 2018 година се омажи за својот долгогодишен партнер и голема љубов, Крис Поповски. Симона долго време настапуваше со диџеј Ерик Фокс, под името „Саунд месинџерс“.

Пејачката и докторка Симона Поповска по втор пат стана мајка: Никола доби братче

ФОТО | Пејачката и докторка Симона Поповска го прослави својот роденден: Мала забава во бело

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот