ФОТО | „Суперкомпјутерот“ предвидува: Еве кој ја освојува Премиер лигата во сезоната 2023/24

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Целиот фудбалски свет одбројува до почетокот на новата сезона на една од најдобрите фудбалски лиги во светот, англиската Премиер лига. Клубовите се подготвени да ги остварат сопствените амбиции, нема секој да успее, а познатиот „Суперкомпјутер“ предвиде како ќе изгледа конечната табела во следната сезона 2023/2024.

Доколку се суди по вештачката интелигенција, тоа ќе биде сезона за заборав за два гиганти. Имено, доколку се оствари прогнозата на „Суперкомпјутерот“, Челси повторно ќе остане без пласман во европските клупски натпреварувања, додека Манчестер јунајтед ќе мора да се задоволи со петтото место.

На врвот нема промени, Манчестер сити треба убедливо да ја освои титулата, додека Арсенал повторно е на второто место.

Њукасл продолжува со својот амбициозен проект, „Суперкомпјутерот“ го предвиде третото место, а на Ливерпул му предвидува четврто место и враќање во Лигата на шампионите.

Брајтон и Брентфорд повторно би требало да бидат две изненадувања, Тотенхем разочарување, додека во Чемпионшип ќе се вратат Лутон Таун, Борнмут и Шефилд јунајтед, а Барнли ќе опстане по влезот во Премиер лигата.

фото: принтскрин/sportske.net

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот