ФОТО | Стотици граѓани чекаат пред „Борис Трајковски“ ваучери за инвертер клими

Граѓани чекаат ред за ваучери за инвертер клими / Фото: Слободен Печат, Слободан Ѓуриќ

Пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ утрово стотици луѓе чекаат ред за да ги земат ваучерите за инвертер клими. Редиците се направени бидејќи Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини реши дека од денеска почнува доделувањето. За сите останати кои денеска нема да успеат да ги подигнат ваучерите, истото ќе можат да го направат во простириите на Министерството до крајот на месецов.

Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер климите за граѓаните

Граѓани чекаат ред за ваучери за инвертер клими / Фото: Слободен Печат, Слободан Ѓуриќ

Ваучерите се доделуваат во Центрите за вработување низ градовите од државата во терминот од 9 до 15 часот, освен во Битола каде спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе работи до 17 часот за граѓаните од Битола, Новаци и Могила и во Скопје, во Спортски центар „Борис Трајковски“ од 9 до 17 часот.

За овој проект обезбедени се 4,1 милион евра или има пари за околу 6.000 ваучери. На повикот објавен во февруари пристигнаа вкупно 18.805 барања по двата јавни повика, од кои 14.500 баратели се од категоријата неранливи потрошувачи, а за огласот за ранливи потрошувачи конкурираа 4.305 баратели.

Граѓани чекаат ред за ваучери за инвертер клими / Фото: Слободен Печат, Слободан Ѓуриќ

Министерството за енергетика појасни: Ваучери за инвертери ќе може да се подигнат до крајот на ноември

Согласно објавениот Јавен оглас за финансиска поддршка преку доделување потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди за ранливи потрошувачи за 2024 година, предвидени се ваучери од 27.000 денари за лица со ниски примања (приходи до 21.000 денари за самец, 30.000 денари за домаќинство со два члена, и 35.000 денари за домаќинство со три члена). За домаќинства со четири члена, предвиден е ваучер од 30.000 денари, а за домаќинства со пет или повеќе члена – 45.000 денари. Дополнително, за неранливи потрошувачи од Пелагонискиот и Југозападниот Регион предвидени се ваучери од 25.000 денари, а за останатите региони по 23.000 денари.

Граѓани чекаат ред за ваучери за инвертер клими / Фото: Слободен Печат, Слободан Ѓуриќ

Важно: Ваучерите за инвертери можат да се подигнат само во текот на утрешниот ден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот