ФОТО | Среќен татко: Тони Зен за првпат ја покажа ќерката Дена
Раперот Тони Зен за првпат објави слика со својата ќерка Дена, која наскоро ќе наполни шест месеци.
Препорачано
Ќерката на Тони Зен и на неговата сопруга Валентина се роди на трети декември минатата година.
Тие се решија да ѝ дадат уникатно име, Дена, кое има хебрејско потекло и значи „суд“ или „правичност“. Името значи личност со продорна интуиција, мудрост и способност да носи правични одлуки, особини што се сметале за благослов и силен заштитнички знак.

Тони Петковски, познат како Тони Зен, се ожени со Валентина во 2019 година, а истата година го добија и нивниот син Јасен, кој има шест години. Иако раперот ретко споделува детали од приватниот живот, во интервјуа често зборувал дека раѓањето на синот е најзначајниот момент во неговиот живот, а потоа и на ќерката.
Инаку, по повод 21 година од првиот албум, Тони Зен издаде премиум сет кој содржи два албума на винил и две стихозбирки. Албумот „Од изворот на изборот” е издаден во 2019 на ЦД, но овојпат е на плоча, додека новиот албум, седми по ред, ќе биде единствено на винил и е насловн „21/7 – Другата страна на изборот”.
И двата албума имаат своја стихозбирка, во која се напишани текстовите. Во албумот „Од изворот на изборот” се преведени и на англиски јазик, а во стихозбирките има и фотографии и јапонска калиграфија направена од Тони Зен. Фотографиите се аналогни, со цел да се задржи автентичноста на ова издание или концепт насловен „Изборот/Изворот”.
Тој и Слаткаристика одржаа спектакулатен концерт на 11 октомври лани во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.


