Фото: Instagram

ФОТО: Србите пред натпреварот во Лесковац сакале да уапсат атрактивна Албанка?

Албанската инфлуенсерка Јулијана Нура, која пред натпреварот меѓу Србија и Албанија најави дека ќе се појави во Лесковац со знаме на „УЧК“, сепак не беше присутна на трибините во саботата, кога Албанија славеше минимална победа од 0-1.

По нејзиното отсуство, Нура се огласи на социјалните мрежи и откри дека, како што тврди, српските власти издале налог за нејзино апсење, поради што решила да не патува во Србија.

„Кога во прашање е натпреварот Србија-Албанија, Србија издаде налог за мое апсење, но и на уште тројца луѓе. Моето влијание од затвор не би одело во прилог на никого (освен на Србите) затоа одлучив да славам и да се радувам на слобода. Со својата медиумска работа станав фактор и важна личност за балканските медиуми. Ве сакам“, напиша Нура на Инстаграм.

Српските надлежни институции засега немаат официјален коментар во врска со ваквите тврдења. Натпреварот помина без посериозни инциденти, а Албанија со победата дојде на чекор од пласман во мундијалскиот бараж.

Фото: Screenshot

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот