ФОТО | Сопругата на Канје повторно полугола: Раперот ѝ ги соблече хулахопките за да го покаже нејзиниот задник

Фото: Profimedia

Бјанка Ценсори се прошета со својот сопруг Канје Вест во Лос Анџелес во уште едно експлицитно издание. Овој пат таа облече проѕирни, неонски зелени хулахопки и горен дел кој едвај ги покри нејзините гради, пишува „Дејли мејл“.

Целата провокативна комбинација ја надополни со црни високи потпетици, кои подоцна ги заменила со сандали. Бјанка ја носеше нејзината препознатлива фризура, залижана пунџа и имаше минимална шминка на лицето.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Раперот како и секое негово појавување во јавноста се одлучи за удобна црна комбинација – кошула со качулка и панталони кои ги откриваа неговите боксерки, а на нозете имаше црни патики.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Но, покрај смелата модна комбинација, многумина се шокираа од моментот кога Канје ја фати својата сопруга за долниот дел од телото и ѝ ги повлече проѕирните хулахопки надолу за да ѝ се види дел од нејзиниот гол задник.

Фото: LESE / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Како што пишуваат медиумите, иако мајката на Бјанка, Александра дошла од Австралија минатата недела за да ја „спаси“ од раперот, ништо не се сменило во односот на вљубената двојка, ниту нивниот имиџ.

Семејството и пријателите на Ценсора често ја изразуваа својата загриженост за манекенката откако таа се омажи за Вест кон крајот на 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот