ФОТО | Сопругата на Канје направи хаос среде Фиренца: Му позираше разголена меѓу толпата туристи

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Канје Вест и Бјанка Ценсори уште еднаш предизвикаа скандал со своето однесување и облекување, додека уживаат во нивниот долг летен одмор во Италија. Имено, двојката која изминатиов период ги полни насловните страници ширум светот, повторно беше забележана на позната туристичка локација во Фиренца, пишува „Ти-ем-зи“.

Популарниот рапер одеднаш реши да ја преземе улогата на фотограф на сред улица полна со туристи и да ја фотографира својата провокативна сопруга. Опкружена со љубопитна толпа туристи, Бјанка позираше пред него и ја покажа својата сензационална фигура во тесно трико од кое и паѓаа градите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Таа ја надополни оваа минималистичка модна комбинација со хулахопки и високи потпетици. Контроверзниот Канје како и обично, беше обвиткан во дуксерот што го носи во последно време.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

За време на фотосесијата, тој ја подместуваше облеката на сопругата, за да ја направи најдобрата можна фотографија на својот мобилен телефон. Во меѓувреме толпата туристи уживаше во целата ситуација.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Две недели претходно, Канје беше виден со гол задник на брод во Венеција, додека Бјанка беше на колена пред него. Тие беа обвинети дека имаат орален секс во јавност.

Фото: Принтскрин / Твитер

Исто така, многумина се убедени дека раперот „управува“ со изгледот на 28-годишната Бјанка и е критикуван дека сака да создаде од неа „друга верзија на Ким Кардашијан“. Дополнително, пријателите на Бјанка тврдат дека не можат да стапат во контакт со неа.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

 

ВИДЕО | Ким Кардашијан очајна и расплакана: „Би направила сѐ за да го вратам стариот Канје“

ВИДЕО | Ким Кардашијан очајна и расплакана: „Би направила сѐ за да го вратам стариот Канје“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот