ФОТО: Сообраќајка на патот Велес-Скопје, автомобил се преврте на покрив

Сообраќајна несреќа на патот Скопје-Велес, Фото: Слободен печат/Кирил Анастасовски

Сообраќајна несреќа се случила утринава на регионалниот пат Скопје-Велес, на 3-5 километри пред патарината во Велес, информираат читатели на „Слободен печат“ кои ни испратија фотографии од лице место.

Според нивните сведоштва, автомобилот најверојатно се забил во карпите по што се превртел на покрив. Според првичните информации, нема жртви.

Сообраќајна несреќа на патот Скопје-Велес, Фото: Слободен печат/Кирил Анастасовски

Сообраќајот во моментов се одвива по една лента.

 

Видео на денот