ФОТО | Софија Вергара има нова љубов по разводот: Снимена со познат хирург на вечера

Фото: 42 / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Изгледа дека Софија Вергара има нова љубов во животот. Актерката беше фотографирана на состанок со маж кој „Пејџ сикс“ го идентикуваше како ортопедскиот хирург Џастин Салиман, пишува „Дејли мејл“.

Вергара и докторот се фотографирани како се упатуваат на вечера во Беверли Хилс, Калифорнија. За состанокот со докторот актерката носела црн корсет од тантела, виолетови кадифени панталони и високи потпетици, додека Салиман се појавил во кошула и фармерки.

Инаку, Вергара и Салиман пристигнале заедно на роденденската забава на старлетата Ким Кардашијан.

Фото: The Daily Stardust / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Џастин претходно бил во брак со актерката Бри Тарнер, позната по улогите во „Grimm“ и „The Ugly Truth“. Тие поминале десет години заедно и се развеле во 2018. Имаат две деца.

Фото: HEDO / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Да потсетиме, Софија и Џо Манганиело во јули годинава објавија дека се разведоа по седум години брак.

„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како две лица кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека се движиме низ оваа нова фаза од нашите животи“, рекоа тие во заедничка изјава за медиумите.

ФОТО | „Летото е за мене“: Софија Вергара ужива покрај базен во провокативно бикини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот