ФОТО | „Tреба да повежбаме…“: Горан Папаз објави неодолива семејна фотографија со трите дечиња
Македонскиот саксофонист Горан Папаз и неговата сопруга Наташа минатата година станаа горди родители на три бебиња. Оттогаш тој често објавува моменти од секојдневието со нивните дечиња – Лена, Луна и Лазар.
Препорачано
Последната објава која музичарот ја сподели на социјалните мрежи беше неодолив семеен портрет со сопругата и трите дечиња. Во топлиот амбиент на својот дома семејството позираше со широки насмевки, освен малиот Лазар, кој очигледно се одлучил да делува сериозно.
„Со Лазар треба да повежбаме малце, ама не е лошо испаднат… “, напиша Горан покрај фотографијата.
Да потсетиме, славниот музичар, кој на јавноста ѝ стана познат по ангажманот во групата „Суперхикс“, ја објави среќната вест дека ќе стане татко во август минатата година и ги покажа фотографиите од ултразвукот. Во декември минатата година неговата сопруга Наташа се породи и на свет ги донесе Лена, Луна и Лазар. Инаку, музичарот веќе има еден син од претходниот брак, Дамиан.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


