ФОТО | Снежна бајка: Спектакуларни скулптури од мраз и снег на меѓународниот фестивал во Кина
Најголемиот тематски фестивал на скулптури од мраз и снег во светот е официјално отворен во североисточниот кинески град Харбин, кој е и десетти по големина во таа земја, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
На површина од еден милион квадратни метри, што е еквивалентно на површина од 140 фудбалски игралишта, овогодинашниот „Светот на мразот и снегот“ во Харбин ги отвори своите порти на 21 декември, привлекувајќи посетители од целата земја.

Во ледениот парк доаѓаат голем број семејства од Кина, но се очекуваат и странски посетители. Паркот ја прошири понудата на атракции, па оваа година беше додаден и „супер леден тобоган“, со 24 возбудливи патеки. Покрај тоа, има и 20 помали лизгалки за мраз за посетители од сите возрасти. Исто така, се нудат претстави, проекции со виртуелна реалност и извонреден музеј на дигитална уметност.

Главната тема на овогодинешниот проект е „Зимски сон, љубов меѓу Азија“, а оваа земја на ледените чуда претставува и елементи од претстојните Азиски зимски игри во 2025 година.
„За да им олесниме на странските посетители, поставивме двојазични и повеќејазични водичи низ паркот, заедно со машини кои им овозможуваат на гостите да купат билети користејќи ги нивните пасоши. Сакаме да ја покажеме топлината и гостопримството по кои е познат Харбин“, рекол Сун Земин, потпретседател на одделот за маркетинг во светот на снегот.
Во текот на денот, „Светот на мразот и снегот“ е кристално чист, но само неколку часа подоцна, кога ќе падне ноќта, скулптурите од мраз се осветлени во разни бои и откриваат една сосема поинаква, бајковита сцена.





