ФОТО: Снегот предизвика хаос во Шведска

Шведска снег/ Фото: Anders WIKLUND / AFP / Profimedia

Обилниот снег денеска предизвика сообраќаен хаос во Шведска. Во главниот град Стокхолм големи количества снег ги парализираше возовите и автобусите, додека многу авиони можеа да полетаат од градскиот аеродром само со задоцнување, а некои воопшто не можеа да полетаат.

Зимските услови предизвикаа проблеми на патиштата во многу други делови од земјата, предупреди Шведската транспортна агенција. Три илјади ученици во градовите Тролхатан и Венерсборг, северно од Гетеборг, во понеделникот мораа да одат на училиште од далечина.

И на снежните врнежи не им се гледа крајот. „Снегот нема да престане“, изјави портпаролот на транспортната управа за шведската телевизија СВТ, додавајќи: „Ќе мораме да го расчистуваме повторно и повторно и вака ќе биде до крајот на денот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот